Џуд Белингам, Брахим Дијас и Фран Гарсија ќе бидат дел од презентацијата следната недела како нови играчи на Реал Мадрид за следната сезона. Промоцијата ќе биде на „Сантијаго Бернабеу“, а секако главна ѕвезда ќе биде 19-годишната суперѕвезда од Борусија Дортмунд, Белингам.
Белингам во Мадрид доаѓа за трансфер вреден 103 милиони евра, а со сите можни бонуси, вредноста на трансферот може да се искачи и до 130 милиони евра. Тинејџерот одигра одлично во сезоната којашто заврши и беше петти најдоброоценет фудбалер на Борусија Дортмунд. Најчесто игра во централната позиција за врска, а во 42 меча постигна 14 погодоци и седум пати асистирал. Со Реал Мадрид ќе потпише договор до 2025 година.
Левиот бек Фран Гарсија доаѓа од Рајо Вајекано за пет милиони евра. Гарсија е дете кое потекнува од школата на Реал, а во 2021 година беше продаден во Рајо за два милиони евра. Минатата сезона одигра дури 40 меча за Рајо, а сега се очекува да биде вистинско решение за левата бековска позиција во Реал.
Дијас е фудбалер кој ќе го продолжи договорот со Реал до 2027 година. Тој беше даден на позајмица во Милан, а по добрите игри за Росонерите, Реал реши да му даде нов петгодишен договор.