Реал Мадрид сака да доведе две светски ѕвезди, но тоа да биде за беспари

Реал Мадрид не е подготвен да потроши голема сума пари за доведување на нов централен дефанзивец, пишува „Марка“. Според најавите, Кралскиот клуб се интересира за доведување на Ибрахим Конате од Ливерпул и Вилијам Салиба од Арсенал.

Трансферот на овие двајца фудбалери се проценува на по 100 милиони евра, а Реал Мадрид планира да одели толку многу пари. Затоа, најавите се дека шпанскиот гигант е подготвен да чека да завршат актуелните договори на овие докажани дефанзивци, а потоа да ги доведат за џабе, односно беспари.

Конате има договор со Ливерпул кој му истекува во јуни 2026 година, додека Салиба е „врзан“ со Арсенал до 2027 година.

Реал Мадрид моментално е на второто место на табелата во шпанското првенство со четири бода помалку од вечниот ривал Барселона. Утре во Барселона се игра Ел Класико, каде Реал мора да брка победа ако сака да остане со реални шанси во трката за титулата во Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести