Типстерските совети за денес ќе ги започнеме со дуел од поинакво натпреварување. Дојде време за Реал Мадрид да ја брани титулата во Светскиот клупски куп на ФИФА. Против азискиот првак Кашима, избраниците на Сантијаго Солари ќе се борат за влез во ново финале, каде што ги чека Ал-Аин.
Избравме и четири останати дуели од Бундеслигата. Во Лига купот на Англија ќе се игра градско дерби меѓу Арсенал и Тотенхем, додека Монако мора да проработи и да почне да победува барем во Лига купот на Франција.
Кашима – Реал Мадрид (17:30 часот)
Реал брка рекорд во Светскиот клупски куп на ФИФА.
Трета година во низа Реал Мадрид учествува во овој Куп, нормално, трите европски титули им овозможуваат одново да се борат за уште еден трофеј. Против азискиот шампион Кашима, „кралевите“ веќе се сретнаа во ова натпреварување, во финалето од 2016 година, кога Реал за првпат го крена трофејот по победата од 4-2.
Јасно е дека и денес ќе бидат големи фаворити, од Реал се очекува да ја тресе мрежата во двете полувремиња.
Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (2.40)
Баерн Минхен – Лајпциг (20:30 часот)
Шанса за Баерн да ја врати неизвесноста во Германија.
Шанса за германскиот шампион да му се доближи на лидерот Дортмунд во Бундеслигата. „Милионерите“ вчера се сопнаа во Дизелдорф (прв пораз сезонава), а Баерн ќе мора пред своите навивачи да издвои победа и да дојде на шест бода разлика на табелата. Ковач нема да смета на повредените Арјен Робен и Хамес Родригес, но Левандовски е во голгетерска форма и вечерва ќе треба да ја продолжи.
Овие две екипи по петти пат ќе играат во рамките од германскиот шампионат. Баерн досега славел трипати, додека последниот меѓусебен дуел му припадна на Лајпциг со 2-1.
Предлог тип: 1 & 0-29мин (2.30)
Шалке 04 – Баер Леверкузен (18:30 часот)
Победа за која било екипа ќе биде вистинска премија.
Шалке и Леверкузен сезонава тотално разочаруваат во Бундеслигата. Повеќе порази отколку победи, па јасно е дека ниту на едните, ниту на другите плановите не им функционираат. Шалке на последните пет средби има само еден триумф, два порази и две ремија, па токму затоа славење против „фармацевтите“ ќе им биде вистинска премија.
И Леверкузен игра топло-ладно во шампионатот. Победи против Штутгарт и Аугсбург, а потоа ново разочарување од Ајнтрахт, никако да фати ритам и да се врати во горниот дел од табелата.
Предлог тип: ГГ3+ (2.15)
Арсенал – Тотенхем (20:45 часот)
Градско дерби во Лондон, „петлите“ бараат освета против „топчиите“.
Четврт-финалето од Лига купот на Англија донесе исклучително интересна пресметка меѓу градските ривали Арсенал и Тотенхем. Лутите ривали од северниот дел на Лондон вторпат сезонава ќе се надигруваат, пред извесно време Арсенал го растури тимот на Покетино со 4-2 во рамките од Премиер лигата.
Она што го посакува секој фудбалер на Тотенхем е освета за тој пораз, а воедно ќе бидат чекор поблиску кон првиот трофеј во оваа сезона, иако од трите во Англија, пехарот на Лига купот е најмалку важен.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.85)
Монако – Лориен (21:05 часот)
Фудбалерите на Тиери Анри барем во Лига купот да се израдуваат.
Монако го пречекува второлигашот Лориен во рамките од осминафиналето на Лига купот на Франција. „Кнезовите“ се ужасни сезонава, претрпеа елиминација од ЛШ како последни во групата, во Лига 1 се наоѓаат во зоната за испаѓање по првиот дел од шампионатот, а ниту Тиери Анри засега не успева да ги врати на вистинскиот пат.
Ова е шанса за фудбалерите да почнат да играат со повеќе слобода и да си ја вратат самодовербата против аутсајдерот Лориен. Од 2014 година, Монако не знае што е тоа пораз против овој тим, оттогаш на пет меча во низа убедливо забележувале триумф.
Предлог тип: 1 (2.25)