4.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Реал Мадрид троши најмногу за плати во Ла Лига, првите четворица фудбалери се „кралеви“

Според податоците кои ги објави Трансфермаркет, Реал Мадрид троши убедливо најмногу за плати во шпанската Ла Лига.

На првите четири места на најплатените фудбалери во Шпанија се фудбалери на „кралевите“, па дури потоа следува фудбалер на Атлетико Мадрид, додека од Барселона нема фудбалери во топ-5.

Според бруто платата, на првото место е Килијан Мбапе со 31,3 милиони евра. Следува Винисиус со 25 милиони евра, а Алаба е трет со 22.5 милиони евра.

Од петтото до седмото место се Џуд Белингам, Јан Облак и Роберт Левандовски со плата од по 20.8 милиони евра.

Следува Де Јонг со 19 милиони евра. Подолу на листата се Нико Вилијамс, Рафиња, Валверде, Родриго, Јамал и Трент-Александер со плата од 16.7 милиони евра.

Најплатените 15 фудбалери ги комплетираат Тер Штеген и Кунде со плата од по 15.6 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести