Реал Мадрид уште му се лути на судијата од мечот со Жирона, а в среда против Селтик ќе му суди жена!

Актуелниот европски првак Реал Мадрид вчера одигра само 1-1 против Жирона и за киксот го обвинија судијата Мелеро, кој имаше две сомнителни одлуки, а УЕФА одлучи за средбата од Лигата на шампионите со Селтик в среда на Кралевите да им одреди жена како главен судија.

На Реал му треба победа над Селтик за сигурно прво место во групата и улога на носител при ждрепката за осминафиналето.

Фрапар, која има 38 години, е првата жена која била главен судија на меч од ЛШ, дебито го имаше во декември 2020, а ќе суди и на претстојното СП во Катар. Таа досега никогаш не му судела меч на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести