Реал Мадрид за џабе го дава Јовиќ само да се „откачи“ од него, Србинот ќе игра во Серија А

Лука Јовиќ следната сезона ќе го носи дресот на Фиорентина, најавуваат италијанските медиуми. Српскиот репрезентативец пред три години за сума од 60 милиони евра пристигна во Реал Мадрид, но не се снајде во Кралскиот клуб, а тренерот Карло Анчелоти му најави дека е најдобро да најде нова средина.

Најавите се дека Реал ќе се согласи да го пушти Јовиќ за џабе во Фиорентина, но дека Кралскиот клуб ќе бара 50 отсто од следниот трансфер на напаѓачот. Јовиќ меѓу Виолетовите треба да остане до јуни 2024 година, со можност за продолжување на договорот.

Пред да дојде во Реал, Јовиќ имаше блскави мечеви во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и сега се надева дека во дресот на Фиорентина повторно ќе се врати во старата форма.

- Оглас -

Најнови вести