Евролигашките возбудувања започнуваат во 18:30 часот и ќе траат речиси до 23 часот, период во кој ќе се одиграат вкупно шест меча.
Ако ги погледнеме квотите во Sport Life, ќе видиме дека најголем фаворит е Олимпијакос за победа кај Анадолу Ефес со квота од 1.42. Тоа би значело дека на шесте меча ќе се игра израмнета и возбудлива кошарка.
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, со Баерн Минхен на домашен терен ја пречекуваат Валенсија, но гостите ја имаат фаворитската улога. Нено игра стандардно за Баварците во Евролигата, па се очекува да „удри“ по својата поранешна екипа.
Во богатата евролигашка понуда може да се одигра и „плус-минус“ на поени, скокови и асистенции на околу 80-тина кошаркари, а комплетната понуда може да ја погледнете ТУКА.




