Реал остана со играч помалку, па поведе против Леванте (видео)

Реал Мадрид поведе со 1-0 против Леванте во 13-тата минута благодарение на контранападот кој го креираше Тони Крос со само еден фантастичен пас во празен простор.

Асенсио беше побрз од одбраната на Леванте и претрча повеќе од половина терен за да ја затресе мрежата на екипата на Енис Барди.

Ова беше првата посериозна шанса на Кралевите која ја претворија во гол, па сега со 10 играчи ќе треба да ја бранат предноста бидејќи Милитао во осмата минута заработи директен црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести