Реал повторно има словенечка ѕвезда

Реал Мадрид ја совлада Басконија со 80:73 во финалето на шпанскиот Суперкуп и продолжи со освојување трофеи, откако во минатата сезона беше шампион во Евролигата и шпанското првенство.

И по заминувањето на Лука Дончиќ во НБА, во Реал повторно има словенечки бек кој се наметнува и може да биде новата ѕвезда во Кралскиот клуб. Станува збор за Клемен Препелич, шутерот кој од 27-мата до 33-тата минута даде 13 поени и заостанувањето на Реал од 50:56, го претвори во предност од 69:64.

Сепак, МВП на финалниот турнир е Серхио Љуљ, кој во финалето даде 15 поени и имаше најголем индекс на корисност. Љуљ го одигра јубилејниот 700-ти меч како играч на Реал и има 17 пехари. Тој е на второто место по бројот на одиграни натпревари во белиот дрес, зад Фелипе Рејес, кој има 922.

За Реал ова е прв Суперкуп по четири години. Со тренерот Пабло Ласо на клупата, од 2011 година наваму мадридскиот гигант има дури 16 трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести