Реал повторно се распрашува за Канте

Н’голо Канте може да биде следниот од низата играчи на Челзи кој кариерата ќе ја продложи во редовите на 13-кратниот европски првак Реал Мадрид. Кралевите повторно се интересираат за францускиот репрезентативец чии услуги би биле достапи за 80 милиони евра.

Челзи доста активно работи на обновување на тимот, но за да се остварат сите трансфер-планови, потребни се дополнителни средства, кои може да ги добијат токму со евентуална продажба на Канте. Клубот исто така сака да се ослободи од неговата годишна плата која изнесува речиси 8 милиони фунти, што значи дека за Реал е отворен патот до потписот на Французинот, кој би ги следел стапките на Азар и Куртоа.

ПСЖ и Јувентус исто така се меѓу клубовите кои покажаа интерес за услугите на светскиот првак, но Канте еднаш одби да се пресели во Париз и да игра за Светците.

- Оглас -

Најнови вести