Реал против Бетис во состав во кој никогаш не се појавил?

Неиграњето на грипосаните Даниел Карвахал и Начо, значи дека Реал Мадрид ќе мора утревечер во Севилја против Бетис да „измислува“ разни варијанти како да ја пополни позицијата десен бек. Карвахал нема природна замена, кога е отсутен, најчесто на негово место е Начо, но сега и Начо не е во комбинација.

Зинедин Зидан најверојатно ќе мора како десен бек да го стави Едер Милитао, нешто што би се случило за првпат откако Бразилецот дојде во Реал, но како централен дефанзивец и замена за Рамос или Варан. Друга опција е десен бек да „глуми“ Лукас Васкес, но веројатно предност ќе добие Милитао, за да фати ритам, бидејќи тој за десетина дена ќе мора да биде стартер и против Манчестер сити.

Освен Карвахал и Начо, кај Реал против Бетис ќе ги нема и Иско, Азар, Асенсио и Јовиќ, па стартер во средниот ред би требало да биде Модриќ, а во првиот тим како десно крило може да се најде и Бејл или Родриго.

- Оглас -

Најнови вести