Реал се снајде и без Бензема, Шахтар пријатно изненади, Сити и ПСЖ тргнаа со победи

Реал Мадрид со 3-0 славеше на гостувањето кај Селтик, па и покрај повредата на Карим Бензема во првото полувреме, Кралскиот клуб имаше повеќе сили и знаење од Шкотите и со триумф тргна во одбрана на пехарот во Лигата на шампионите.

Гол даде и Еден Азар, негов прв од игра во ЛШ по пет години, но Реал работата ја заврши претходно со погодоците на Винисиус и Модриќ.

Манчестер сити со 4-0 ја разби Севија, а Ерлинг Халанд даде два гола и сега има 25 погодоци на 20 настапи во ЛШ.

Дербито во Париз му припадна на ПСЖ со 2-1, со головите на Мбапе, а Јуве намали преку Мекени.

Рутинска победа од 2-0 извојува Бенфика над Макаби Хаифа, а изненадување е убедливото издание на Шахтар кој со 4-1 славеше на гости кај Лајпциг. Шахтар има само тројца странци во составот.

Нерешено (1-1) заврши само мечот Салцбург – Милан, двата гола паднаа во првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести