Ливерпул сè уште би можел да заработи од заминувањето на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид.
Како што откриваат шпанските медиуми, Реал Мадрид сака Трент по секоја цена да игра на претстојното СП за клубови и е подготвен да му плати на Ливерпул еден милион евра за да го пушти бекот малку порано.
Александер-Арнолд станува слободен на 30 јуни и најрано на 1 јули може да стане официјален член на Реал Мадрид. Сепак, на Кралскиот клуб му се брза, Светското клупско првенство започнува во средината на јуни, а Англичанецот сака да учествува и на овој турнир, што не е возможно. Но, ако Ливерпул прифати милион евра, може да го ослободи порано и Трент да заигра на СКП.