Реал смени само една работа од Париз до Севилја

Серхио Рамос синоќа дојде до својата 400-та победа во дресот на Реал Мадрид. Капитенот на Кралскиот клуб јубилејот го прослави со триумф против неговиот поранешен клуб, кој го напушти како млад, па затоа фановите уште не му простија и го исвиркуваат.

Рамос до оваа убава бројка од 400 победи како играч на Реал стигна по 611 официјални мечеви (има и 112 порази и 99 нерешени).

Колку е важен Рамос за Реал, покажува и еден друг податок. Без него во составот тимот ги загуби последните пет натпревари во Лигата на шампионите, меѓу нив и оној од 0-3 во средата од ПСЖ. Само четири дена по поразот од ПСЖ, со Рамос во почетниот тим на местото на Едер Милитао (единствена промена во однос на стартерите кои беа прегазени во Париз), Реал на гости против опасната Севилја победи, не прими гол, а на домашните не им дозволи ниту да шутнат во рамките на голот.

Рамос не сакаше самиот да си ја препише заслугата за успехот по кој Реал побегна 4 бода во однос на Барселона и го дели врвот во Примера заедно со Атлетик Билбао.

„Со години немавме победено во Севилја и решивме да не правиме големи грешки. Азар и Бејл многу помагаа во одбраната. Сега ќе имаме помирна недела по сето тоа што се зборуваше и пишуваше деновиве“, изјави Рамос.

- Оглас -

Најнови вести