Реал треба да внимава на капитенот, ПСЖ чека шанса со подобра понуда

Раководството на Реал Мадрид и капитенот Серхио Рамос се уште се далеку од нов договор за продолжување на соработката, а шанса чека Пари Сен Жермен.

Капитенот дури прифати и намалување на платата, но не се согласува со еден многу важен услов што го поставува Флорентино Перес.

Реал му нуди нов едногодишен договор на 34-годишниот стопер, а Рамос сака подолг договор со Кралевите, или со евентуално новиот клуб во кој би заминал.

ПСЖ неодамна реши голем проблем, го доведе Маурусио Покетино за нов тренер на местото на Томаса Тухел и честење со ангажман на Рамос би бил вистински дочек и спектакуларен потег со кој би пораснале и шансите на парижани за европската круна.

ПСЖ му нуди на Рамос тригодишен договор. За нив парите не се проблем, сопственици им се богати шеици од Катар, па варијантата шпанскиот репрезентативец да летне во Париз воопшто не е невозможна.

Рамос е во Реал Мадрид од 2005 година, откако една сезона 2004/05 ја одигра во дресот на Севилја.

 

- Оглас -

Најнови вести