12.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Реал во декември ќе се обиде да го донесе Ибрахимовиќ

Проблемите со постигнувањето голови кој го има Реал Мадрид може да го реши Златан Ибрахимовиќ, па затоа клубот размислува во декември да го ангажира членот на Лос Анџелес галакси, кому тогаш му завршува сезоната.

Околу Ибрахимовиќ имаше многу шпекулации, се говореше дека ќе оди во Милан, тој самиот кажа дека сака да се повлече во дресот на Малме, но уште има амбиции да игра за клуб во Лигата на шампионите. Златан со неколку екстра гола покажа дека уште не е за во пензија.

Заминувањето на Кристијано Роналдо во последниот месец почна негативно да се одразува врз „кралевите“, се покажа дека Бензема, Маријано, Бејл и Асенсио не се гаранција за голови, па можеби Ибрахимовиќ добро ќе им дојде во намерата да бидат поефикасни.

Ибрахимовиќ во кариерата има играно за многу големи клубови, но не бил во Реал, па затоа оваа опција би била интересна и за него, макар и на краток период.

- Оглас -

Најнови вести