Реал води по првиот дел на Ел Мадрилењо со голот на играч кој воопшто не требаше да игра (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид имаат водство од 1:0 против Атлетико Мадрид по првото полувреме на градското дерби Ел Мадрилењо.

Кралевите тргнаа офанзивно и во првите пет минути имаа две добри шанси преку Џуд Белингам и Брахим Дијас да го отворат резултатот, но голманот на Атлетико, Јан Облак, беше сигурен.

Атлетико се закани во осмата минута кога Алваро Мората се најде во ситуација еден на еден со Андриј Лунин, кој со одлична интервенција не дозволи шок на „Сантијаго Бернабеу“.

Резултатот беше отворен во 20-та минута и тоа од фудбалерот кој не требаше да биде стартер, Брахим Дијас. На загревањето непосредно пред мечот се повреди Винисиус жуниор поради што тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, одлучи Дијас да биде замена за Бразилецот во првиот тим и не погреши.

Дијас во 20-та минута налета на една одбиена топка во шеснаесетникот на Атлетико и немаше проблем да ја смести во мрежата на Облак.

- Оглас -

Најнови вести