Ребиќ и Јовиќ повторно ќе бидат клупски колеги?

Милан е многу загреан за ангажирање на младиот српски напаѓач Лука Јовиќ, и според италијанските медиуми, клубот би испратил солидна понуда до Реал Мадрид, од 35 милиони евра, плус бонуси.

Ако Јовиќ се пресели во Милано, повторно би бил клупски соиграч со Хрватот Анте Ребиќ, со кого беа убиствен тандем во Бундеслигата, во екипата на Ајнтрахт. Реал лани го купи Јовиќ за 60 милиони евра и тешко дека би го продал поефтино. Србинот не се снајде во Кралскиот клуб, играше на 24 меча во кои придонесе со само два гола и две асистенции. Ребиќ игра за Росонерите како позајмен.

- Оглас -

Најнови вести