Ребиќ за среќа не скрши ништо, се враќа за дербито „Дела Мадонина“

Анте Ребиќ, за среќа, нема посериозна повреда по незгодниот пад директно на рака на дуелот меѓу Кротоне и Милан. Хрватскиот репрезентативец само го исчашил левото рамо, иако на прв поглед изгледаше дека повредата е многу сериозна.

Пределот околу левиот лакт му беше во чудна позиција, а дури и играчите на Милан се исплашија, но по најновите прегледи, вестите се добри и за Ребиќ и за Милан.

Најавено е оптимистичка варијанта дека напаѓачот на Росонерите ќе паузира само на два меча и ќе биде подготвен за настап на 17 октомври, на дербито „Дела Мадонина“ против Интер.

Едниот меч, тој против Рио Аве, задутре во Лигата на Европа секако ќе го пропуштеше поради исклучување, што го заработи како играч на Ајнтрахт во дуел против Стразбур, пред една година.

Тоа би значело дека ќе го прошути само мечот со Специја на 4 октомври, а во прилог за побрзо да ја санира повредата му оди и клупската пауза поради натпреварите на репрезентациите во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести