Ребров: Не спиевме во првиот дел, Македонија има силен тим и многу сум среќен што победивме

Селекторот на Украина Сергеј Ребров е задоволен од конечниот резултат и првата победа на неговата селекција во квалификациите за ЕП 2024.

„Ова беше многу важен меч за нас и среќни сме што победивме. Играта во второто полувреме се промени. Не спиевме ниту во првото полувреме. Репрезентацијата на Македонија има многу квалитетен состав, има многу искусни играчи. Во второто полувреме успеавме да ја сменивме играта, најдовме начин како да победиме и затоа сум им многу благодарен на моите фудбалери. Добро е што брзо постигнавме гол, добивме самодоверба и на крајот успеавме да на правиме пресврт“, рече Ребров на прес конференцијата веднаш по средбата.

Селекторот на Украина откри која била главната работа што ги советувал фудбалерите на полувремето.

„Македонија во првиот дел држеше многу високо темпо и едноставно на полувреме ги советував фудбалерите дека треба да го променат темпото на игра, едноставно да го следат темпото што го наметнаа противниците. Успеаа во тоа во второто полувреме“, додаде Ребров.

 

- Оглас -

Најнови вести