Речиси и да нема играчи на Манчестер јунајтед кои клубот не сака да ги продаде

Манчестер jунајтед е подготвен да ги слуша понудите речиси за целиот нивен тим од првиот тим ова лето бидејќи сопственикот Сер Џим Ретклиф сака да го претвори клубот во кандидат за важни титули.

Наводно, од тимот на менаџерот Ерик Тен Хаг не би се слушале понуди за младите Расмус Хојлунд, Коби Маино и Алехандро Гарначо, а само некоја голема понуда би ги натерала да ги продадат Бруно Фернандеш, Андре Онана и Диого Далот.

Јунајтед слабо заработува од продажба на играчи во последните години. Преселбата на Даниел Џејмс за 25 милиони фунти во Лидс во 2021 година беше последен пат кога клубот продаде играч поскапо од 20 милиони фунти.

Некои искусни играчи ќе си заминат бидејќи им истекоа договорите. Тука спаѓаат Антони Марсијал и Рафаел Варан, додека се очекува Софијан Амрабат да се врати во Фиорентина.

Кристијан Ериксен и Касемиро имаат уште една, односно две години од нивните договори, но и двајцата играат слабо, клубот нема да им стои на патот ниту на Хари Мегваер и Скот Мектоминај доколку постигнат добар договор со друг клуб. Се очекува да заминат и Мејсон Гринвуд и Џејдон Санчо.

Иднината на Тен Хаг исто така под лупа поради потенцијалниот интерес од Ајакс за враќање во холандскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести