Речиси цела Костарика застана во жив ѕид, но Кореецот Сон покажа дека е велемајстор (Видео)

Јужна Кореја и Костарика одиграа пријателски меч кој заврши 2-2, а последниот гол на средбата кој беше дело на Хеунг-Мин Сон, беше мало фудбалско ремек дело.

Ѕвездата на Тотенхем мајсторски ја затресе мрежата со шут од слободен удар. Не му беше проблем што речиси целиот костарикански тим беше во живиот ѕид и околу него, со супер шут го најде патот до мрежата и голманот кој доби шанса во отсуство на Кејлор Навас, беше немоќен.

Погледнете го мајсторскиот гол на најдобриот корејски фудбалер:

https://twitter.com/i/status/1573294795937976320

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести