Ред Бул ја нема брзината, Ферстапен дури седми на квалификациите во Монца

Ландо Норис од Мекларен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Италија, која ќе се вози на патеката Монца.

Норис беше за нијанса побрз од тимскиот колега Оскар Пјастри, па двата Мекларени ќе стартуваат од првиот ред. Блиску зад нив беа и двете Ферарија и двата Мерцедеси со заостанувања помали од 200 илјадитинки од Норис, па може да се очекува интересна трка.

Шампионот и лидер во генералниот пласман, Макс Ферстапен, дефинитивно е во криза, направи грешка во последниот круг од квалификациите, и го освои само седмото место, и ќе му биде ѓаволски тешко да победи на трката.

- Оглас -

Најнови вести