Реџепи ќе присуствува на отворањето, сепак и таа ќе го носи македонското знаме

По интервенција на канцеларијата на Македонскиот олимписки комитет, сепак џудистката Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на отворањето на ЛОИ во Токио и ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето. Таа со одлука на ИОК/Организацискиот комитет не е повеќе под надзор поради близок контакт со заразен од КОВИД-19 и ќе ја има честа, покрај таеквондистот Дејан Георгиевски, да биде спортистката олимпијка која ќе го носи македонското знаме на отварањето кое е во 13 часот.

Македонија на ЛОИ во Токио ќе ја претставуваат осум спортисти, а први на борилиштата ќе се појават Борјан Бранковски во стрелаштво и пливачот Филип Деркоски во текот на утрешниот ден.

- Оглас -

Најнови вести