Редно беше: Леванте се разигра по пет ремија во низа и го растури Хетафе (видео)

Леванте по пет ремија во низа во шпанското првенство, конечно оствари триумф и тоа со убедливи 3-0 против десеткуваниот Хетафе. Екипата од Валенсија веќе извесен период не смета на македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој закрепнува од повреда на грбот, па и добрите резултати недостасуваа.

Но, конечно составот на Лопес одигра добра партија во која три пати ја тресеше мрежата на Сорија, а Хетафе не можеше да очекува позитивен исход со двата црвени картони.

https://twitter.com/Goal4334/status/1335225600202731522

Роџер Моралес и Гомес до полувремето му донесоа двојна предност на Леванте, а дилемите ги реши Де Фрутос по само 57 минути игра. Гостите уште во седмата минута останаа со играч помлку на теренот по црвениот картон на Шема, а во последните петнаесетина минути исклучување заработи и Даконам за тотален колапс на Хетафе.

Со само втората победа по 11 кола, Леванте изби на 17-тото место со 11 бода, Хетафе веќе шест меча е без триумф и падна до 13-тото место со исто толку бода.

- Оглас -

Најнови вести