Ретклиф ги разочара навивачите на Јунајтед: Не очекувајте налето да купиме големи ѕвезди

Косопственикот на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, ги предупреди навивачите на Црвените ѓаволи да не очекуваат во летниот преоден рок да се купат големи фудбалски ѕвезди.

Според Ретклиф, кој ги презеде сите фудбалски операции во Јунајтед, налето ќе се фокусира на ангажирање млади и талентирани фудбалери.

„Решението не е да се потрошат огромни суми пари за неколку одлични фудбалери. Тоа се правеше во последните десет години. Но, јас повеќе сакам да се обидам да потпишам со новиот Килијан Мбапе отколку да потрошам вистинско богатство обидувајќи се да купам успех“, изјави Ретклиф.

- Оглас -

Најнови вести