Рекорд на Сари: Прв менаџер на „сините“ без пораз во првите 10 меча

Со демолирањето на Барнли со 4-0, менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, постави нов клупски рекорд. „Сините“ под водство на италијанскиот стратег стигнаа до 10 натпревари во Премиер лигата во кои не претрпеле пораз, што за прв пат се случува во историјата на клубот.

Клубот од Лондон по 10 кола, има седум победи и три ремија, па заедно со Ливерпул и Манчестер сити и натаму се единствените непоразени екипи во англискиот шампионат. Иако на клупата е само неколку месеци, Сари успеа да направи големи промени во клубот, пред сè на стратешки план, а офанзивниот фудбал засега им носи добри резултати на „сините“.

Челзи и во Лигата на Европа е максимален по три меча, има девет бода во групата, додека одиграаи еден меч во Карабао купот, каде што го елиминира Ливерпул со 2-1.

Единствениот пораз како предводник на Челзи, Сари го доживеа против Манчестер сити на стартот од сезоната, кога двете екипи се сретнаа во пресметката од Комјунити шилд, а „граѓаните“ славеа со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести