Искусниот дефанзивец Јан Вертонген одлучи да стави крај на репрезентативната кариера во белгискиот национален тим. Тој е рекордер по бројот на настапите во составот на Белгија.
„По 157 репрезентативни мечеви и 10 гола за Белгија, време е да ви се заблагодарам за сите спомени. Се надевам дека не ве разочарав“, напиша дефанзивецот на своите профили на социјалните мрежи.
За жал, Вертонген се „отпиша“ од националниот тим на Белгија со автогол. На осминафиналниот меч со Франција, во обид да го блокира ударот на Коло Муани, тој ја испрати топката во сопствената мрежа. Крај, што секако не го посакуваше.
Вертонген го имаше своето деби во 2007 година, играше на три Мундијали – во 2014, 2018 и во 2022 година. Покрај тоа, Вертонген ја предводеше репрезентацијата на својата земја до три европски првенства – во 2016, 2020 и во 2024 година.