Елиф Елмас во пријателскиот дуел против Јуве Стабија ја доби одговорноста да биде капитен, по што го водеше својот тим до победа од сигурни 3-0. Токму на овој меч шанса да се претстави доби Танги Ндомбеле, позајмениот играч од Тотенхем, кој е рекордно засилување на Петлите.
Францускиот играч за врска го отвори патот до победата со фантастична бомба од работ на шеснаесетникот во 56-тата минута. Можеби за клубот од Северен Лондон не беше доволно добар, но ваков погодок ветува дека Ндомбеле донесе само квалитет во ростерот на Спалети. Конечниот резултат го поставија Амбросино и Цербин со погоодци во финишот од пријателската средба.
https://twitter.com/sscnapoli/status/1562472089323712512