Рекордот на Сините кратко ќе трае, Манчестер јунајтед ќе плати богатство за ѕвездата на Наполи

Управата на Челзи точно пред седум дена го собори рекордот на Премиер лигата и за 121 милион евра го донесе Енцо Фернандес од Бенфика, а според италијанските медиуми, тој рекорд ќе биде соборен налето од страна на Манчестер јунајтед.

Весникот „Газета дела спорт“ пишува дека челниците на Наполи се убедени дека Манчестер јунајтед е подготвен да издвои богатство за нивниот напаѓач Виктор Осимен и да плати многу повеќе од 121 милион евра.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ѝ порача на управата дека му е потребен напаѓач од светска класа за да ги врати Црвените ѓаволи во врвот на европскиот фудбал. Тој смета дека Антони Марсијал не е решение во нападот и идеалниот голгетер, кој треба да им ги донесе титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, го гледа во редовите на Наполи, во Виктор Осимен.

Осимен игра фантастично во дресот на Наполи, со кого сигурно чекори кон шампионската титула во Серија А, која би била трета во клупската историја. Осимен на 17 натпревари во Серија А постигна 16 гола и е лидер на стрелците во Серија А, а Наполи има 13 бода повеќе на првото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести