Ремек-дело на Ринс – Во луд финиш велемајсторски го претрка Маркес за 13 стотинки (Видео)

Алекс Ринс изведе вистинско ремек-дело во Силверстон и во најдраматичната трка сезонава го претрка шампионот Марк Маркес на самата линија на целта и го победи со предност од 13 стотинки.

Ова е веројатно и најслатката победа за Ринс во целата кариера и една од највредните за Сузуки. Трката почна со драма, по тешкиот инцидент на самиот старт и сударот на Андреа Довициозо и Фабио Квартараро, а заврши со уште поголема драма и величенствена победа на Ринс.

Довициозо и Квартараро за среќа ја избегнаа пламената топка, откако се запали моторот на Италијанецот, а минаа без сериозни последици, иако за нив трката заврши на самиот старт.

Потоа Марк Маркес ја презеде контролата во трката за Големата награда на Велика Британија, но не можеше да го задржи налетот на сонародникот Ринс и по вторпат сезонава загуби од него.

Шпанците забележаа 1-2-3 победа, бидејќи Вињалес мина како трет низ целта.

- Оглас -

Најнови вести