Ремито без голови повеќе му одговара на Камерун, отколку на Гана

Камерун и Гана ремизираа без голови во второто коло од групната фаза на Африканскиот Куп на нации. Фаворитите од групата Ф ги поделија бодовите, а овој резултат повеќе му одговара на Камерун бидејќи го задржа првото место, додека пак Гана уште трага по првата победа на Афкон.

Двете селекции не искористија по неколку шанси да дојдат до погодок, а Квабена беше најблиску до гол на неколку минути пред крајот од мечот, кога ја погоди гредата на камерунскиот голман Онана.

Камерун сега има четири бода, а во последното коло по групи ќе има шанса да го потврди пласманот во нокаут фазата во дуелот против Бенин, додека Гана по две ремија својата шанса за три бода ќе ја чека против Гвинеја Бисау.

- Оглас -

Најнови вести