Болоња и Јувентус одиграа 1-1 во дерби дуел од италијанската Серија А, ова е петти нерешен резултат во меѓусебните дуели на овие два клуба кои се борат за место во Лигата на шампионите.
Со освоениот бод, Јувентус дојде до 63 бодови, колку што имаат и Лацио и Рома, а Болоња е на 62, и овие четири тима ќе водат голема битка за четвртото место кое води во Лигата на шампионите
Болоња остана непоразена на својот стадион во 2025 година.
Старата дама е непоразена во последните 26 натпревари во Серија А против Болоња, што е најдолгата серија без пораз на Бјанконерите. Од друга страна, Болоња не го победила Јувентус на домашен терен во Серија А уште од 29-ти ноември 1998 година.