Ренџерите на Џерард нокаутирани за 120 секунди, Кнезовите ја освоија Прага (видео)

Малме го надигра шкотскиот првак Ренџерс со 2-1 во првите 90 минути од предвидениот двомеч во рамките од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Шампионот на Шведска се разигра на стартот од второто полувреме и само за 120 секунди, Рикс и Бирманцевиќ по еднаш ја затресоа мрежата на Мекрегор, па се очекуваше 2-0 да биде и конечен резултат, но Дејвис ја намали негативата во петтата и последната минута од судиското надополнување.

Одличниот гол на Рикс за 1-0 можете да го видите ТУКА.

Монако со сигурни 2-0 славеше на гости кај Спарта Прага во првиот меч. Туамени отвори во 37-мата минута со силно забивање со глава по центаршутот на Головин, а по речиси еден час игра, Фоланд зголеми на 2-0, што се покажа како конечен резултат.

- Оглас -

Најнови вести