Ренова ја победи Брегалница на „бетонот“ во Штип

Екипата на Ренова славеше над Брегалница со 2:1 во првиот меч од првата македонска фудбалска лига за 2022 година.

„Гипсарите“ во рамките на 22-то коло му го расипаа дебито на Илчо Ѓорѓиоски на клупата на Штипјани и триумфираа со автоголот на голманот Давид Денковски во 16-та и Виктор Серафимовски во 52-та минута.

Конечниот резултат беше дело на Милан Ѓокиќ во 59-та минута, а домашните фудбалери имаа неколку шанси да го израмнат резултатот, но не успеаја.

Вреди да се истакне и катастрофалната состојба на тревникот на Градскиот сдатион во Штип, кој што повеќе наликуваше на бетонски, отколку на тревен терен.

Со оваа победа, Ренова има 30 бода и е на четврттото место, додека Брегалница е петта со 29 бодови.

- Оглас -

Најнови вести