Ренова попушти пред налетите на пандевци

Академија Пандев се зацврсти на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска во Струмица ја совлада Ренова со 2-0. Пандевци од пет одиграни мечеви, имаат 13 бода, и засега се неприкосновени лидери на табелата.

Рајковиќ во првото полувреме даде деби-гол во дресот на А. Пандев, а откако „гипсарите“ утнаа многу шанси, од контра пресуди Крстовски кој доби шанса од клупата.

Академија Пандев во наредното коло ќе гостува кај Струга Трим Љум.

- Оглас -

Најнови вести