Ренова среќно остана прволигаш, охриѓани испуштија златна шанса

Ренова остана прволигаш, откако се извлече во регуларниот дел од мечот против Охрид, играјќи 2-2, со изедначување во 89-та минута, а потоа беа подобри во пеналите, и го спречија Охрид после девет години да се врати во првата лига.

Охриѓани водеа со 1-0 и 2-1, при пеналите Ренова беше тимот кој прв утна, но Галебите немаа нерви.

Мишковски утна во првата серија за Ренова, Симоновски му одбрани, Охрид водеше со 2-1 после две серии, но во третата серија почна пресвртот. Голманот Велии му одбрани шут на Трпески, потоа во четвртата и на Наумоски, а капитенот Велјановски шутна над гол во петтата, па можеше да почне радоста на Гипсарите.

- Оглас -

Најнови вести