Репрезентативец на Шпанија ги претрка медиумите, сам си објави дека има Коронавирус

Хозе Гаја сам си објави дека е заразен од Коронавирус, со порака на „Инстаграм“ дека се чувствува добро и дека е во самоизолација.

Репрезентативецот на Шпанија и играч на Валенсија е меѓу првите во овој дел од земјата која е сега жариште на кризата што има Коронавирус. Пред него и Езекил Гарај и Елијаком Мангала беа позитивни на тестот и имаат Коронавирус.

„Изолиран сум во својот дом и ги почитувам препораките на медицинските лица. Им благодарам на сите што се грижат за моето здравје и апелирам сериозно да ја сфатиме ситуацијата. Лекарите се нашите херои и ве молам да продолжиме да ги бодриме и да ги почитуваме“, напиша Гаја.

Левиот бек на Валенсија има 24 години и 8 настапи за шпанската репрезентација и е еден од најдобрите дефанзивци во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести