Репрезентативците тренираа во Струмица, падна последен договор пред мечот со Ерменија (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа својот официјален тренинг пред утрешниот (од 15 часот) пријателски меч со Ерменија во Струмица и се запозна со условите во кои ќе се игра оваа контрола.

Селекторот Благоја Милевски најави повеќе промени во составот и ќе им даде шанса на сите коишто се таму.

Струмица е роден град на Јани Атанасов и Љупче Дориев, ним овој терен им е најдобро познат, па за нив ќе биде дополнителен мотив што мечот со Ерменија се игра на „Благој Истатов“.

- Оглас -

Најнови вести