Репрезентативците тргнаа за Грузија (фото)

Фудбалскиот национален состав на Македонија тргна за Тбилиси, каде што утре (18 часот) ќе го одигра дуелот против репрезентацијата на Грузија во рамките од второто коло во Лигата на нациите.

Репрезентативците по триумфот над Ерменија се во добро расположение и се подготвени да освојат нови бодови, односно со максимален учинок да го завршат септемврискиот циклус.

Како што е познато, голманот Столе Димитриевски не е во тимот за овој циклус поради корона-вирус, а селекторот Ангеловски поради повреди, ги загуби уште Иван Тричковски и Кире Ристевски.

- Оглас -

Најнови вести