Репрезентацијата почна со подготовки, дојде и капитенот Пандев

Во тренинг-центарот „Петар Милошевски” почнаа подготовките на македонската фудбалска репрезентација за дуелите од квалификациите за ЕП 2020 против Летонија дома и Словенија на гости.

На располагање на селекторот Игор Ангеловски и соработниците им се сите кои ги најавија (ги нема повредените Тричковски и Спировски) освен голманот Столе Димитриевски, кој доаѓа доцна вечерва.

Новиот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ги пречека репрезентативците, им посака успех, а срдечно беше поздравувањето со капитенот Горан Пандев, со кого си честитаа на успешниот викенд (Сејдини стана претседател, Пандев даде гол и му го нанесе првиот пораз на Јувентус).

- Оглас -

Најнови вести