Ретки се лошите моменти, ама ги има и Аргентинецот – Утките на Меси пред една деценија се ненадминливи на Мундијалите

Лионел Меси има ретки лоши моменти во кариерата, а неуспесите со Аргентина му се голем товар откако со Гаучосите не успеа да освои ниту една титула во сениорска конкуренција.

Аргентинците со Меси во составот се без пехар во Копа Америка и на Мундијалите, но затоа аргентинскиот ас има еден негативен рекорд што е недостижен на Светските првенства.

На Мундијалот во Јужна Африка точно пред една деценија, Меси упати 29 удари кон противничките голови и не постигна ниту еден погодок.

Во четвртфиналето ги декласира германската машинерија со 4:0 и го разби сонот на Меси за голема титула со Аргентина, а лидерот на тимот стана рекордер.

Досега, откако се води официјална статистика, а тоа е од Светското првенство во Англија во 1966 година, ниту еден фудбалер на Мундијалите не упатил повеќе од 29-те удари на Меси без притоа да постигне гол.

Интересно е што Лео има два пехари со Гаучосите, но не со селекцијата А, туку со составот за играчи до 20 години на СП во 2005 година и на олмписките игри во 2008 година, каде што настапуваат фудбалери до 23 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести