Ретко кога Македонија била ваков аутсајдер кога игра во „Борис Трајковски“

Македонската ракометна репрезентација утревечер во салата „Борис Трајковски“ ќе ја пречека селекцијата на Португалија, во дуел од квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Македонија и Португалија имаат по две победи во првите две кола, па во група во која се уште и Турција и Луксембург, речиси е јасно за кого се загарантирани првите две позиции во групата, кои носат место на завршницата на континенталниот собир.

Интересно е дека според квотите во Sport Life, Македонија е голем аутсајдер, што и не е чудно ако се знае дека селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на неколку квалитетни ракометари.

Освен мечот во Скопје, денеска и утре се играат вкупно 16 мечеви, а помалку неверојатно делува дека токму Македонија е најголем аутсајдер според квотите.

 

- Оглас -

Најнови вести