Ревија утки на Халанд, Манчестер сити киксираше против Челзи!

Манчестер сити одигра само 1-1 дома против Челзи, па сега е трети со четири бодови зад лидерот Ливерпул, а Граѓаните имаат и еден меч помалку, кој ако го добијат, пак не би биле први.

Сити имаше дури 32 шутеви кон голот на Сините, а само еднаш го совлада голманот Петровиќ и тоа Родри во 83-та минута. Водство на Челзи му донесе Стерлинг во финишот на првото полувреме. Стерлинг е прв играч кој му дал гол на Сити на два меча во иста сезона.

Актуелниот првак на сите домашни мечеви сезонава дава гол, останаа без пораз, но нема да бидат задоволни со бодот.

- Оглас -

Најнови вести