Револуција во фудбалот, Меси ќе добива плата од ПСЖ во криптовалути

Арапските сопственици на ПСЖ и дефинитивно нема да жалат пари за доаѓањето на Лео Меси во нивниот тим. За три години, на колку што е потпишан договорот, Аргентинецот ќе заработи 110 милиони евра, јасно е дека таа сума може да оди многу повисоко, доколку ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, или пак Меси дојде до нова Златна топка.

Сепак, интересно е тоа што дури 10 милиони евра ќе бидат исплатени преку клупската криптовалута „ПСЖ Фантокен“, и тоа благодарение на договорот на овој тим со сајтот Crypto.com, од кој, пак, ПСЖ ќе инкасира над 30 милиони евра.

Користењето на криптовалутите претставува револуција во фудбалот, а очигледно е дека ваквите договори ќе земат се поголем замав и во фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести