Резервите ја разбудија заспаната Стара дама, Кјеза постигна невиден гол за „Пушкаш“ (Видео)
Јувентус со многу мака ја победи Специја, а погодокот на Кјеза е ремек-дело што ретко се гледа на фудбалски терени.

Резервите на Јувентус, Алваро Мората и Федерико Бернардески беа клучните играчи на Старата дама, заедно со Федерико Кјеза, кој постигна невиден гол во тешката победа против Специја од 3:0 во премиерниот меч од 25-тото коло во Серија А.
Андреа Пирло одлучи да направи двојна измена во 61-вата минута, а токму играчите што влегоа во игра со акција за водечки гол го скршија отпорот на гостите.
За неполна минута Бернардески му асистираше на Мората и Јувентус поведе со 1:0, а водечкиот гол на шампионот на Италија се проверуваше и со помош на ВАР-системот.
Судиите во ВАР-собата одлучија дека Бернардески не бил во офсајд, па Јувентус со голема мака стигна до предност од 1:0.
GOAL! Finally a breakthrough for Juventus as Morata scores!
يوفنتوس 1 × 0 سبيزيا | هددددددددددددددددددف موراتا 🎥
ــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــــ
to never miss any goal Follow @liv_ld https://t.co/QwJuYIokmu— D.L (@dailyLD1) March 2, 2021
Федерико Кјеза потоа беше побрз од својот тренер и постигна втор гол во 71-вата минута, а веднаш потоа Пирло го замени со Рамзи.
https://twitter.com/7DN26_/status/1366860157565743111?s=20
Напаѓачот на Јувентус постигна погодок што ретко се гледа на фудбалските терени и сигурно ќе конкурира за наградата „Пушкаш“ што се доделува за најубав погодок во сезоната.
Печат на победата на Старата дама во самиот финиш стави Кристијано Роналдо со 20-тиот гол во сезоната.