Резил – Претседателот на ИХФ заспал, немаше поим кој и што одигра и што освои во финалето на Мундијалот (Видео)

Хасан Мустафа, долговечниот прв човек на Меѓународната ракометна федерација, ИХФ, не знаеше кој играше во финалето на женскиот Мундијал денеска.

Норвешка ја победи Франција со 29:22 во битката за златото, а Мустафа не им го додели ниту среброто на Триколорките, туку им го честиташе освоеното трето место и бронзата.

Невиден гаф за претседател на светска федерација во квалитетен спорт каков што е ракометот.

Мустафа им ја честиташе светската круна на Норвежанките, а потоа и второто место на Данска, иако тие беа трети, а потоа и бронзата на Франција, иако тие на терен си го освоија среброто.

Публиката негодуваше од трибините, но Мустафа не се извини за големиот гаф.

Норвешка во големото финале ја победи Франција со 7 гола разлика, 29:22, а ист беше односот на силите и во малото финале, само резултатот беше поинаков, 35:28 за Данска против Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести