РФМ ги одреди премиите за македонските ракометари

Ракометната федерација на Македонија по одржаниот состанок меѓу претседателот Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски, стручниот штаб и ракометарите, ги одреди премиите за остварениот пласман на тековното Европско првенство. Ако репрезентацијата се пласира во главната рунда, тогаш премијата изнесува 30.000 евра.

Ако Македонија се пласира во главната рунда и притоа го освои првото место во групата тогаш добива дополнителни 10.000 и вкупната премија ќе изнесува 40.000 евра. Пласман во квалификациите за ОИ, ќе значи дополнителни 30.000 евра.

Ова значи ракометарите би можеле да поделат максимум 70.000 евра. Првиот меч за Македонија е против Украина и се игра вечерва во „Штадхале aрената“ во Виена со почеток во 20.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести