РФМ му се заблагодари на „храброто срце“ Жути за придонесот за ракометот во Македонија! (Фото)

Ракометната федерација на Македонија упати јавна благодарност до „храброто срце“ Филип Миркуловски за севкупниот придонес што го даде за ракометот во Македонија.  Миркуловски вчера ја заврши играчката кариера и отвора ново поглавје во својот живот, ќе работи како помошник-тренер во германскиот клуб Вецлар.

Популарниот Жути останува и во стручниот штаб на македонската репрезентација. Миркуловски во дресот на Вецлар мина седум сезони. Освен за Вецлар, Миркуловски настапуваше и за Хановер, Металург и Младост од Богданци.

- Оглас -

Најнови вести