Рибери не успеа да ја урне Римската империја – Лацио со пресврт ја продолжи трката за титулата (Видео)

Франк Рибери најави пад на Римската империја на Лацио со мајсторски гол во првото полувреме, но Бјанкочелестите најдоа победнички рецепт и останаа во трката за титулата со Јувентус и Интер.

Францускиот ас одигра велемајсторски во 25. минута и во негов стил со дриблинг нанижа двајца одбранбени играчи на Лацио и ја затресе мрежата на фаворитот.

https://www.youtube.com/watch?v=4lXB0A3DI1I

Гостите од Фиренца беа поконкрентни во првите 50-на минути од мечот и можеа да поведат и со 2:0, но Гезал ја погоди пречката на голот на Стракоша.

Лацио успеа да го засили темпото и израмни во 67. минута со гол од пенал.

https://www.youtube.com/watch?v=Pz_JzvMgCD4

Чиро Имобиле го постигна 28. гол сезонава, а домаќините добија крилја и продолжија да притискаат. Тоа им се исплатеше во 83. минута кога Луис Алберто погоди за победа од 2:1.

Лацијалите останаа на второто место, сега со 65 бода, четири помалку од лидерот Јувентус на 10 кола до крајот на првнството. Интер со меч помалку има 58 бода во трилингот кандидати за шампионската круна во Серија А.

Фирентинаја прекина серијата од четири меча без пораз и е на 13. место со 31 бод.

 

Лацио

- Оглас -

Најнови вести